Груевски: Нелогично е СДСМ да бара по изборниот пораз да се прифати нивната програма за буџетот

Од:

Нелогично е да барате по пораз на избори да се прифати вашата програма за буџетот. Ние пред година и пол излеговме со многу конкретна програма, која граѓаните ја видоа и мнозинството гласаше за неа. Нормално е таа програма потоа да ја спроведуваме и тоа го правиме.

Преку буџетот ја спроведуваме програмата што доби најголем број гласови на минатите парламентарни избори.

Ова го изјави премиерот Никола Груевски по денешната средба на лидерите на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“.

Несвојствено би било, рече Груевски, наместо програмата што ја изгласале граѓаните ние да спроведуваме друга програма, во случајот некоја што ќе посака или побара СДСМ.

Тоа би било ненормална ситуација и граѓаните што ја поддржале таа програма би се прашале зошто го правиме сега тоа. Ако сакале да се спроведува програмата на СДСМ веројатно ќе гласале за СДСМ, а не за ВМРО-ДПМНЕ, истакна премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Идентификувани слабости во планирањето, прераспределбата и реализацијата на буџетските средства за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

(ВИДЕО) Мицкоски: Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат навреме

(ВИДЕО) Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница