Груевски ќе одговорел писмено на прашањето на Изет Зеќири, како го оправдува и објаснува извештајот на „Репортери без граници“, и 116-то место на листата за слобода на медиуми.
„Ова е најслаба оценка досега.
Пред нас се Нигерија, Катар, Венецуела, Зимбавме. Паднавме ногу скали. Нема пристап до информациите, Собранието го легализира физичкото и психичко насилство врз новинарите, се злопотребуваат владините реклами за уцена на медиумите.
Пред нас се и сите земји од регионот, Србија, Грција, Албанија, Хрватска. Што прави Владата и кој е одговорен за ова. Како ќе се пдообри ова големо скршнување. Во 2004 година бевма на 49 место, во 2005 на 43, во 2006 на 45, 2007- на 36, во 2009 бевме 34-ти , во 2010 бевме на 68, а во 2011 паднавм е на 94 место. Сега имаме пад за уште 22 места. . Барам отчет од вас“, му рече Зекири на премиерот.
Но, ќе треба да чека на писмен одговор.
Зеќири незадоволен, му укажа на Груевски дека е неприфатливо зошто нема одговор. Го праша колку пари дава за реклами на Сител и Кана5.