Никола Груевски од Охрид, каде започна кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори со многу критики за актуелниот охридски градоначалник и кандидат на СДСМ, Александар Петрески.
Груевски го нарече Петрески еден од најнеуспешните и најснеспособните градоначалници за работа во Македонија, но способен за манипулација со народот. Груевски го обвини Петрески дека направил се што било во негова моќ да ги закочи проектите на Владата.
ВО Охрид царуваше урбаната и локалната мафија, а во градот немаше проект ниту за лек.На Петрески можам да му честитам бидејки за да да создаде нешто ново не го бива, но за да закочи е на убедливо второ место после Бранко Црвенковски. За базенот се бореше како лав не за да се изгради туку за да не се изгради. Охрид од прв стана втор туристички центар во Македонија после Скопје, рече Груевски.
Груевски за Петрески рече дека заспал на средбата со синот на индискиот мијаредер Субрата Рој.
Кога дојде синот на газдата во Охрид за да се сретне со градоначалникот на Охрид, а наш Ацо верувал или не подзаспал на средбата. Задремал човекот , а масата и овој инвеститорот го придржал за да не падне на земја. Човекот утредента дошол кај Зоран Ставревски и му рекол да не бевте вие во владата да ме охрабрите дека имам сигурен партнер во владата сигурно после ова ќе си заминев. Што доколку се се оствари оваа инвестиција, таа ќе привлече илјадници туристи. Кога езерото се излеваше тој отиде да денгуби во Австралија. И кога медимите притиснаа дотолку, му се јави Бранко да го вика да се врати назад, а Ацо му одговорил дека него не го избрал Бранко туку народот, рече Груевски.
Желбите на Петрески беа да ги протурка урбаните дупови на сметка на локална и урбаната мафија, рече Груевски кој рече дека долгот на општина Охрид кој Петрески би му го оставил на нивниот кандидат за градоначалник изнесувал 30 милиони евра.
Кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески во својот говор не го спомена во ниту еден дел својот противкандидат Петрески.
Изминаа долги осум години, години на застој, години во кој граѓаните еден по еден велат дека е доста со политиките од минатото. Влегувам во оваа трка за спас на градот без валкани раце без криминално досие и афери и чист образ и ниту една дамка во својата професионална кариера, рече Бакрачески.