Груевски: Народот гледа дека оваа политичка гарнитура решава проблеми

Од:

Во првиот круг на локалните избори СДСМ освои само една општина, а ние 39 и тоа не е случајно бидејќи нашите гласачи не препознаваат по нашите остварувања. Ние така ќе продолжиме и понатаму. Народот гледа дека оваа политичка гарнитура решава проблеми, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на вечерашниот митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ во општина Јегуновце.

Ние, посочи премиерот, никогаш не сме ветувале дека ќе ги решиме сите проблеми, но нашата програма се базира на најголемите барања на граѓаните кои ние потоа ги реализираме.

– Градоначалникот Тони Коцевски во изминатиот период работеше и реализираше поголем број на проекти чиј број изнесува околу 90 отсто од ветеното. Но, тој направи и голем број зафати кои не беа наведени во програмата. Неговото темпо ќе продолжи. Кандидатот на СДСМ за оваа општина е транзиционен политичар кој додека Југохром беше во стечај се збогати и сега смета дека ќе ги придобие симпатиите на народот, но народот сака чесни и работливи луѓе како Коцевски. Ние како Влада постојано го подржувавме Коцевски кој помогна да се рестартира Југохром во кој се вработија голем број луѓе, реконструираше училишта, патишта итн., истакна Груевски.

Тој потенцира дека следниот период предвидени за изградба се голем број локални патишта, пречистителни станици, фекална канализација, постојано зголемување на субвенциите за земјоделците и пензиите.

Актуелниот градоначалник на општина Јегуновце, Тони Коцевски кој уште еднаш ја побара довербата од жителите на оваа тетовска општина потсети на преземените проекти во изминатиот период и најави нови.

– За време додека јас бев градоначалник Јегуновце доби лик на современа урбана општина со изградени нови и обновени водоводи, училишта, локални патишта и улици, беше рестартиран Југохром со што се отворија нови работни места. За следниот период приоритети ќе бидат изградбата на фекална канализација, повеќе локални патишта како и изградбата на спортска сала во Јегуновце. Вие на овие избори избирате помеѓу две политички опции – нашата реална програма и втората на СДСМ кој ја препишува нашата програма и кои се транзициски политичари, рече Коцевски.

Во рамки на вечерашните предизборни активности ВМРО-ДПМНЕ на митинг во општинскиот центар Брвеница ќе го промовира и кандидатот за градоначалник на оваа општина, Стојан Тодоровски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“