(ВИДЕО) Груевски на средба со коалиционите партнери: Ги осудуваме провокациите од СДС

Од:

Денес во просториите на ВМРО-ДПМНЕ се одржа средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со претседателите и преставниците на партиите кои се дел од коалицијата За Подобра Македонија.

„На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, како и најновите случувања во македонскиот парламент, вклучително и незаконскиот обид за избор на претседател на собранието.

На средбата беше осуден нелегалниот, противуставен и незаконски обид за избор на претседател на собранието од страна на СДС.

Исто така се осудуваат провокациите од страна на СДС и Зоран Заев кои со своето однесување го предизвикаа револтот на граѓаните.Прекршени се уставот, законите и деловникот, и за тоа мора да има одговорност.

Коалицијата За Подобра Македонија осудува насилвство и истото не треба да биде начин на комуникација, потребно е смирување на страстите и ноесење на одлуки во согласност со уставот и законите“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?