Груевски на самит на Европската народна партија во Виена

Од:

Висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата и премиер Никола Груевски, а во која се и министерот за надворешни работи Никола Поповски и секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието Владимир Ѓорчев, денеска присуствуваа на редовниот самит на Европската народна партија (ЕПП), што се одржува во Виена, Австрија.

Во присуство на лидерите на земји-членки на ЕУ, како и на претседателите на народните политички партии во Европа, Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја претставува Македонија на овој Самит, кој, како што се наведува во партиското соопштение, е одлична миожност за остварување контакти и интензивна комуникација со повеќе европски лидери.
На маргините на самитот претседателот Груевски оствари средба со Вилфред Мартенс, претседател на ЕПП, која е најмногубројна партија во Европскиот парламент.

Во разговорите премиерот Груевски упати благодарност за сестраната поддршка која Република Македонија ја добива од ЕПП во контекс на евроинтегративните процеси, како и поддршката за интензивирање на политичките односи и дијалогот во меѓународни рамки.

Претседателот Груевски истакна дека таквата поддршка е основа и за зајакнување на економските односи и промоција на македонските потенцијали за инвестирање на европскиот пазар.

Претседателот на ЕПП Мартенс го акцентираше активното учество и партиципацијата на Република Македонија на глобалните настани и процеси, како и влогот кој се дава во насока на надминување на предизвиците со кои се пресретнуваат државите од ЕУ, како што се состојбите предизвикани од европската должничка криза.

Би можело да ве интересира

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on