Груевски на Самит на европската десница

Од:

Премиерот Никола Груевски ќе усчествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) што денеска ќе се одржи во Брисел.

Покрај македонскиот премиер, на проширениот Самит на најбројната партија во Европскиот парламент е најавено присуството на лидерите на земјите-членки на Европската унија Ангела Меркел, Жан-Клод Јункер, Мариано Рахој, Виктор Орбан, Бојко Борисов, Јанез Јанша, Доналд Туск, Фредрик Рејнфелт, Јурки Катаинен, Педро Коељо и други челници на десно-ориентирани партии меѓу кои и експремиерот на Италија, Силвио Берлускони.

Гости на европските десничари ќе бидат и претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, како и првиот човек на Европскиот совет Херман ван Ромпуј.

Република Грција нема да биде претставена од новиот премиер Андонис Самарас поради здравствени проблеми. На Самитот земјата ќе ја преставува министерот за развој и инфраструктура Костис Хацидакис.

Би можело да ве интересира

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција