А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски на одбележувањето на почетокот на Првата светска војна во Лиеж

by А1он04/08/2014 - 12:51176
Share0

Премиерот Никола Груевски денеска ќе присуствува на церемонијата за одбележување на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна, што ќе се одржи на Меморијалниот споменик во Лиеж, Кралството Белгија.

Добивај вести на вибер

На цермонијата во Лиеж денеска се обраќааат претседателите на Франција и на Германија, Франсоа Оланд и Јоаким Гаук, војводата Вилијам од Кембриџ, белгискиот крал Филип и премиерот на Белгија Елио ду Рупо.

Во Лиеж се собрани над 50 шефови на држави и влади, а на свеченото одбележување покрај претседатели и премиери има и претставници на кралските семејства од цела Европа.

Присуствуваат и претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо, а и претседателите на Австрија и Србија, Хајнц Фишер и Томислав Николиќ, како двете први завојувани страни.

Говорниците им оддадоа почит на над 8 милиони војници и цивили кои загинаа во Првата светска војна. Францускиот претседател Франсоа Оланд, во своето обраќање по повод почетокот на Првата светска војна, се осврна и на денешните воени жаришта во светот, како Ирак, Сирија и Газа, порачувајќи им на европските лидери дека не смеат да бидат неутрални по овие прашања.

Меморијалниот центар Коинте е подигнат на местото на првата битка меѓу германските и сојузничките сили, откако армијата на Кралството Германија, на 4 август 1914 година, ја мина белгиската граница, вовлекувајќи ги Франција и Обединетото Кралство во отворен конфликт.

premier

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски09/09/2025 - 20:1809/09/2025 - 20:18

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски02/09/2025 - 21:0902/09/2025 - 21:09

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Горан Наумовски29/08/2025 - 07:38

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он05/05/2025 - 20:01

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

Горан Наумовски15/12/2024 - 11:08

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски12/11/2024 - 08:1212/11/2024 - 10:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен