Груевски на Ифтар вечера во Скопје

Од:

Во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам синоќа премиерот Никола Груевски присуствуваше на Ифтар вечера заедно со повеќе граѓани, членови на ВМРО-ДПМНЕ од исламска вероисповед.

На вечерата во Скопје присуствуваа повеќе од 100 учесници, Албанци, Македонци муслимани, Бошњаци, Роми и Турци.

Премиерот Груевски на присутните им посака убави празнични денови, среќа и спокој на верниците кои го празнуваат празникот Рамазан Бајрам. Тој посака и единство, хармонија и заемно почитување кое, како што нагласи, треба да биде единствениот пат кој може да донесе економски, културен и сеопшт развој на државата.

Ваквите настани, посочи тој, се добра прилика да се разменат мислења, но и да се прати порака на единство бидејќи соживотот и меѓусебното почитување имаат вековна традиција меѓу луѓето кои живеат на овие простори. Потенцира дека тоа треба да биде примерот кој треба да биде следен во сечие делување и работа.

Во текот на вчерашниот ден премиерот Груевски присуствуваше на Ифтар во Струга заедно со повеќе Македонци муслимани.

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он