Груевски: Македонија дел од Јужен тек, работиме на договорот

Од:

Македонија е дел од „Јужен тек“ и се работи на договорот со Руската федерација, изјави денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање дали Македонија ја има во првата фаза од проектот „Јужен тек“.

– Македонија е дел од првата фаза на проектот „Јужен тек“. Како што знате на почетокот ја немаше, но подоцна по разговорите со руските валсти и со „Газпром“ Македонија беше вклучена како крак и токму затоа е со испрекинати линии на она што деновите беше презентирано во јавноста, наведе Груевски.

Тој информира дека веќе е добиен предлог договор од Руската федерација, разгледан е, и забалешките се испратени до руската страна. – Доколку Македонија не беше вклучена Руската федерација немаше да ни испрати предлог договор да го потпишеме, изјавио премиерот.

Би можело да ве интересира

Собранието расправа за ратификувањето на Спогодбата за „Јужен тек“

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот за „Јужен тек“ е успех за Македонија

Емир Латифовиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со потпишувањето на договорот е осигурана енергетската независност во наредните 50 години

Емир Латифовиќ

НСДП: Што поточно потпиша Ставрески во Русија?

Ана Ололовска