Груевски-Леко: Поинтензивна соработка во сферата на законодавството

Од:

Премиерот Никола Груевски попладнево во Загреб, во рамки на официјалната посета, имаше средба со претседателот на хрватскиот Парламент Јосип Леко.

Соговорниците, јави известувачот на МИА, се согласија дека односите меѓу двете држави се исклучително пријателски и претставуваат солидна основа за натамошно развивање на пријателството и реализација на поинтензивна соработка во повеќе полиња, меѓу кои и сферата на законодавството.

Премиерот Груевски на средбата изрази надеж за остварување конкретна парламентарна соработка меѓу двете држави преку реализација на нови форми кои ќе придонесат за дополнително зближување на државите. Посочи дека досега постојат повеќе активни договори кои се резултат на заедничкото разбирање и пријателство меѓу двете држви, а еден таков е договорот за исклучителна основа за унапредување на соработката во полето на евроинтегративните процеси кои и понатаму остануваат приоритет за Република Македонија.

Груевски притоа рече дека Македонија останува посветена на европската агенда истакнувајќи го прогресот кој беше направен на тоа поле и кој беше поздравен со четири последователни позитивни извештаи за напредокот на Македонија од Европската комисија и четири препораки за определување датум за почеток на пристапни преговори за членство во ЕУ. Тој истакна дека евроатланските интегративни процеси се исклучително важни за стабилност на регионот.

Претседателот на Саборот на Хрватска Јосип Леко констатираше дека двете држави развиваат одлична соработка која е добра основа за дополнително надградување на односите. Тој го поздрави напредокот и заложбите на Македонија на планот на НАТО и ЕУ посочувајќи дека парламентарната соработка ќе донесе дополнително заложување во односите меѓу државите. Посочи дека Република Хрватска има силен интерес за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО и порача дека Македонија во Хрватска може да гледа искрен поддржувач и лобист.

Интерес на Хрватска и регионот, беше посочено, е Македонија да влезе во ЕУ и НАТО.

Јосип Леко изрази интерес и за динамизирање на соработката во културата и научната сфера.паг/са/14:38

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он