Груевски-Курц: Австрија е значаен трговски партнер на Македонија

Од:

Политичките односи меѓу Република Македонија и Република Австрија, развојот на економските односи и потенцијалите за соработка и унапредување на трговската размена, како и евроатланските интеграции на Македонија, беа теми на денешната средба на премиерот Никола Груевски со австрискиот министер за Европа, интеграција и надворешни работи, Себастијан Курц.

Како што соопшти владината прес-служба, соговорниците ги истакнаа позитивните односи кои постојат помеѓу двете земји, кои се карактеризираат со пријателство и взаемно почитување, и со потенцијал за интензивирање во сите области од заемен интерес.

– Груевски истакна дека Австрија претставува и значаен трговски партнер на Македонија и во таа насока потребно е да се искористат можностите кои стојат на располагање на двете држави за дополнително унапредување. Тој изрази благодарност до министерот за надворешни работи за активната поддршка која ја дава Австрија на полето на европските и евроатланските интеграции на Македонија при што подвлече дека членството во ЕУ и НАТО претставува стратешка определба и еден од главните приоритети на работата на Владата, се вели во соопштението.

Министерот Курц, пак, ја реафирмираше поддршката која Австрија ја дава на членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО алијансата, како и интересот на Австрија за побрзо интегрирање на целиот регион. Тој изрази уверување дека со заеднички напори во наредниот период, ќе се успее да се унапреди билатералната економска соработка, која претставува приоритет на владите од двете држави, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата