Груевски: Ќе победиме бидејќи знаеме да ги исполнуваме делата

Од:

Ние сме победниците затоа што знаеме како треба да ги исполнуваме делата. Преспа ја вративме од летаргијата и покрај големиот долг, направивме многу, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија Никола Груевски на вечерашниот митинг во Ресен.

– Министерот во тренерки кој е повторно кандидат за градоначалник на вашиот град треба да се срами од своите постапки и владеењето во Ресен. Преспа заслужува иднина, ние имаме дела, имаме и во Преспа. Ќе победиме поради тоа што остваруваме. Тоа не држи и зборува дека нашите дела се конкретни, рече Груевски.

Преспа, додаде, е во нашите приоритети, овој регион е значаен во секој поглед, земјоделство, туризам и значајна местоположба. – Ваквите ресурси се основа за значаен економски развој кој придонесува за поубаво утре на цела Македонија, а посебно за овој регион, заклучи Груевски.
Кандидатот за градоначалник на Ресен на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Стрезовски, презентирајќи ја својата визија за Преспа рече дека ќе биде градоначалник на сите граѓани на Ресен.

– Ќе бидам, градоначалник на сите граѓани на Мојот град, затоа што сакам моето дете да живее во Ресен. Имајќи во предвид дека мојата иднина е овде во Преспа, целиот свој ангажман ќе го вложам во проекти кои се за мене остварливи. Решавање на дел од проблемите на овоштарите, нови индустриски објекти, а со тоа и поголеми вработувања, реле Стрезовски.

На митингот беа претставени и кандидатите за советници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада