Груевски: Ќе ја зголемиме социјалната помош за 5 отсто

Од:

Зголемувањето на пензиите и на социјалните додатоци за пет проценти предвидени за 2015 година ќе се реализира согласно планот на Владата, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

– Планот согласно подготвениот и усвоен буџет е во октомври да дојде до зголемување на пензиите, значи за пензионерите кога ќе ја земат пензијата во октомври да биде зголемена, а во месец јули да бидат зголемени социјалните надоместоци. Станува збро за 2015, како што имаме и ветено практично, рече премиерот Груевски на новинарско прашање по промоцијата на новонабавена медицинска опрема во Клиниката „Свети Наум Охридски“ (стара Градска болница).

Од 2006 година до сега пензиите во државата се зголемени просечно за 62 проценти, а најмалите просечно за 76 отсто. Социјалните надоместоци, пак, за истиот период се зголемени за 47 проценти.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски