А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски ќе ја подобрува економијата со сет од 12 мерки

by А1он02/06/2012 - 14:3917/05/2013 - 08:48289
Share0

Премиерот Никола Груевски на прес конференција која беше директно пренесувана на МТВ во 14 часот соопшто цел сет мерки на владата за како што кажа „подобрување на позицијата на населението“, а вкупно буџетски средства потребни за проектите се 13 милиони евра.

Добивај вести на вибер

Четири од мерките кои ги најави премиерот Никола Груевски се однесуваат на вработување и со првата од нив се планира да се вработат 4000 граѓани во соработка со општините. Првите 2000 лица кои од оваа мерка ќе добијат вработување, ќе се вработат во општините со поголема невработеност.

„Предност ќе имаат подолго време невработени лица, на возраст од над 55 години, со можност за долгорочно вработување. Дополнително 2000 нови работни места ќе се отворат во договор со градоначалниците“, рече Груевски.

Втората мерка според Груевски ги опфаќа вработувањата во фирмите отворени со кредити за самовработување и со акредитирање.

„По 3000 евра ќе се обезбедат по лице за формирање на мал бизнис. Парите ќе се враќаат со само 1 насто камата во времетраење од 3 години, со една година грејс-период. На овој начин се планира работа да добијат 2000 лица“, рече Груевски.

Третата мерка предвидува вработување на илјада лица што че се одвива преку познат работодавач. Предвидено е да аплицираат лица на возраст до 27 години, а ќе минат прво низ обука за практиканство. Агенцијата за вработување ним ќе им исплаќа по 4000 денари месечно додека се на обука. Предност ќе имаат лицата со образование и вештини блиски до потребите на работодавачот. Тој ќе треба да вработи најмалку 50 отсто од оние кои ќе минат обука.

Со четвртата мерка за вработување, планирано е вработување на 1000-1500 граѓани. Владата ќе обезбеди 850 хектари државно земјиште во 24 региони на социјално необезбедени лица. Земјата ќе се доделува на лица способни за работа, материјално необезбедени. Ќе се објави јавен повик, а доделувањето ќе се врши преку бодување, при што предност ќе имаат семејствата што примаат социјална помош, самохрани родители.

Со овие 4 мерки би требало да се вработат од 6000 до 8000 лица. Премиерот на прашањето што ќе стане соп останатите 300.000 невработени кааж дека Владата и натаму планира мерки за справување со овој проблем.

Владата планира уште дополнителни 8 мерки освен овие 4. Груевски кажа дека ќе обезбеди 10,7 милиони евра за малите и средни фирми, за докапитализација на Македонската банка за поддршка и развојот со што „ќе се подобри пристапот на фирмите до кредитот“.

„Средствата ќе бидат за фирми за откуп и извоз на земјоделски производи и нивни обработки. Рок на отплата ќе биде 5 години со една година грејс период. Владата ќе ја обезбеди и третата ефтина кредитна линија од Европската инвестициона банка“, рече Груевски.

Владата планира и летен зимски одмор за 3000 деца за социјално ранливи семејства кои ќе имаат можност да одат на седум дена одмор, проект „ваучери за комјутери“ за студенти кои се од семејства кои примаат социјална помош. Владата со сетот мерки планира и легализација за нерегистрирани трактори и тракторски приколки, како и 50 проценти попуст за посета на балет и опера на пензионери и бесплатно за семејства кои примаат социјална помош.

vladavmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

Горан Наумовски29/06/2025 - 11:39

ВМРО-ДПМНЕ: За период од една години владата инвестира во локалните самоуправи преку видливи проекти

Горан Наумовски29/06/2025 - 09:20

ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски ја претвори општина Центар во магацин на нереализирани ветувања

Горан Наумовски28/06/2025 - 09:37

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Горан Наумовски26/06/2025 - 18:23

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче го враќаат Жерновски во раководните структури

Горан Наумовски26/06/2025 - 16:16

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски24/06/2025 - 14:5424/06/2025 - 15:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен