Груевски: Кисела Вода заслужува градоначалник кој ќе работи за народот

Од:

Кисела Вода заслужува градоначалник кој е работлив, посветен, чесен, пожртвуван, борец, човек кој не се откажува, го реализира ветеното и работи во интерес на граѓаните. Таков е кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Билјана Беличанец-Алексиќ. На општината не и треба човек од СДСМ во чие време не беше ништо сработено и беше создадена градежната мафија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од вечерашниот митинг што се одржа во Драчево.

И дадовме шанса на Беличанец-Алексиќ, која е одличен професионалец, сериозна и стабилна личност, полна со енергија, позитивна, работлива, која не се откажува во ниту еден момент и е борец до крај. Ете таков човек е таа и таков човек во наредните четири години ќе работи на остварување на програмата, која ја изработивме заедно врз база на идеи и предлози од граѓаните. Тие беа сублимирани, согледани и беа дадени приоритети, врз основа на можностите на општината, градот Скопје и Владата. Програмата е реална и ќе биде исполнета, рече Груевски.

Само така, додаде, ќе можеме со крената глава и чист образ да кажеме дека го релизиравме ветеното.

Ќе се обидеме да направиме и повеќе од тоа доколку имаме можност и услови, а вообичаено така и правиме. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се градело и се создавало, и затоа нашата партија има огромна поддршка од овдешното гласачко тело, кое гледа дека ние се грижиме за луѓето и создаваме дела, но и оти е посветена на градењето на Македонија и на чување на нејзината гордост и на основните вредности на државата и нацијата, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
За разлика од нас, како што рече Груевски, кои градиме и создаваме дела, во времето кога СДСМ ја имаше довербата во општината беше креирана урбана градежна мафија, не беше асфалтирана ниту една улица, беа затворени „Стаклара“, фабриките „Црвена звезда“, „Хемтекс“, гигантот „Типо“, „Цветан Димов“ и други во кои работеа многу луѓе од општината.

СДСМ не може да се пофали со добра завршена работа кога ја имале довербата. Затоа да гласаме за тие кои создаваат дела, за луѓе кои се работници, неуморни, кои имаат чесен пристап и однос кон граѓаните, за луѓе од народот и тие луѓе да градат за народот, истакна тој.

Потсети дека граѓаните на изборите не треба да дадат поддршка само за кандидатите за градоначалници, туку и за советничките листи бидејќи, како што рече, само така ќе може да биде реализирано она што е ветено.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно