Груевски: Како човек и граѓанин апелирам народот да не се држи во заложништво и да се донесе буџетот

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска во однос на одблокирањето на буџетот апелираше, како што рече, не само како политичар и премиер, пред се и како човек и како граѓанин на оваа држава опозицијата да престане на овој начин со манипулирање со луѓето, со ставање во неизвесност на она што може да се случува следната година.

– Доаѓа Нова година, луѓето наместо да се опуштени, да се подготвуваат за дочек итн., многу од нив живеат во грч дали ќе има плати, пензии, субвенции следната година, дали ќе се догради некоја болница што е започната итн., така што апелирам ако не го сакаат Никола Груевски или ако не го сакаат ВМРО-ДПМНЕ тоа е една работа, нека се расправаат со нас, нека не напаѓаат, нека плукаат…

Тоа е политичка битка, јас ќе се бранам, ќе одговорам на се и ќе објаснам за се како и што работам. Но, ако продолжат вака да ги ставаат во залог граѓаните, тоа се два милиони живи души Македонци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи итн., тоа не е добро. Ставање во залог на два милиони граѓани навистина е некоректно од страна на опозицијата и штетно за земјата и за самите граѓани, изјави премиерот Груевски по поставување ламен темелник на Технолошко-индустриска развојна зона „Гевгелија“-локалитет Предејци.

Тие, како што додаде тој, утре ќе одат да бараат гласови и ќе тропаат на вратите на граѓаните, ќе им одат пак на врата, ќе им чукаат и ќе бараат да спијат по куќи и слично.

– Не може да ги ставаат граѓаните во една ваква ситуација и затоа апелирам како граѓанин и како личност, како Никола Груевски, како човек што сака земјава да оди напред што сака да градиме нови проекти, нови дела и да создадеме еден поубав амбиент за живеење да не прават вакви работи, бидејќи со ова ниту ќе добијат политички поени, ниту пак ќе одат напред како партија. Напротив ќе изгубат многу политички поени, луѓето гледаат свесни се, изјави премиерот.

Можеби, додаде тој, не се согласуваат со она што го правиме и нормално е да не се согласуваат, не може секој да се согласи со секого.

– Ние излеговме на избори, дадовме програма, тие дадоа програма, луѓето ги погледнаа програмите, мнозинството гласаше за програмата што ние ја предложивме. Нормално е дека тој буџет треба да се усвои во правец на поддршка на таа програма што ја гласале граѓаните пред само година и половина, потенцираше премиерот.

Правењето на вакви, како што рече Груевски, џумбуси во Собранието со обид да привлечат внимание, да направат нешто во една ситуација на безидејност да понудат некој проект, некои дела, некои идеи како повеќе луѓе да се вработат, не оди таа работа така.

Би можело да ве интересира

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

(ВИДЕО) Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 3 милијарди денари повеќе во Буџетот за образование