Груевски-Јосиповиќ: Македонија има искрен пријател во Хрватска

Од:

Македонија има искрен пријател во Хрватска која отворено и искрено ја поддржува на нејзиниот пат кон евроинтегративните процеси, му порача хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ на македонскиот премиер Никола Груевски.

На денешната средба во Загреб, како што јави известувачот на МИА, хрватскиот претседател истакна дека во Република Македонија гледа искрен пријател за што говори и интензивирањето на билатералните средби, односно две посети за помалку од две недели.

Премиерот Груевски изрази задоволство од отворената искрена поддршка на Хрватска за интегративните процеси на Македонија кон евроатлантските организации.

Тој го запозна хрватскиот претседател со прогресот и реформите што државата ги прави на планот на исполнувањето на критериумите за влез во ЕУ и НАТО. Притоа, Груевски нагласи дека високите критериуми за влез во НАТО се исполнети уште во 2008 година.

На средбата премиерот Груевски констатира дека нема отворени прашања меѓу двете држави и оти меѓусебните односи се карактеризираат со пријателство и солидна билатерална соработка.
Тој изрази надеж дека добрите и пријателски односи на политички план ќе се пресликаат и на економски план со дополнителни интензивирања на соработката.

Хрватскиот претседател истакна дека постојат повеќе заеднички проекти за кои се заинтересирани хрватски компании кои се надева дека ќе се реализираат во наредниот период и ќе допринесат за поголема економска соработка меѓу двете држави.

Премиерот Груевски ја нагласи и можноста за културна соработка и за соработка на полето на образованието преку студиски програми за размена на студенти.

Би можело да ве интересира

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски