Груевски ја предаде во употреба реконструираната спортска сала во Велгошти

Од:

Премиерот Никола Груевски попладнево ја предаде во употреба реконструираната спортска сала „Тодор Александров“ во охридското село Велгошти.

– Задоволство е да се биде гостин во Велгошти, особено кога за тоа има убав повод. Тука сме за да го означиме конечното завршување и официјалното пуштање во употреба на спортската сала „Тодор Александров“. Овој објект години наназад чмаеше полуизграден, до половина со нерасчистени имотно-правни односи, оштетени ѕидови, искршени стакла, руиниран односно почнат и незавршен, рече Груевски пред присутните.

Агенцијата за млади и спорт, додаде, се измачи додека обезбеди соодветна документација, додека го поправи она што некој во стартот го згрешил. Во јуни 2012 беше издејствувано решение за адаптација на салата, а кон крајот на септември почна реконструирањето.

– Стоиме пред новата сала во Велгошти. Ветивме дека ќе ја завршима и го исполнивме ветувањето пред Велгоштани. Малку се доценше заради причините за кои говорев, но работата се заврши. Салата е изградена според најсовремените стандарди и во неа може да се вежба мал фидбал, кошарка, ракомет, гимнастика. Не верувам дека имав повеќе мака за доградба на некоја сала од оваа. Барем 20 пати му се јавував на градоначалникот за да гопотсетем што побргу да ја заврши работата. Верувам дека во иднина сите проекти кои се планираат во охридскиот регион, како во спортот така и во другите области, ќе се реализираат во оптималниот период и без доцнење, во сорбаотка со новата локална власт предводена од Никола Бакрачески, истакна Груевски.

Би можело да ве интересира

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on