А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски: Изборниот закон е усогласен со ОБСЕ, СДСМ бара алиби за поразот

by А1он10/11/2012 - 15:46169
Share0

Реакциите на опозицијата дека во Изборниот закон не се вметнати препораките од ОБСЕ и ОДИХР, според премиерот Никола Груевски, се алиби со кое сака да го оправда поразот на локалните избори.

Добивај вести на вибер

– Ова што се случува од опозициските партии е алиби за нивниот пораз што следува. Црвенковски е свесен дека ќе загуби на овие локални избори и дека потоа ќе треба да најде некакво оправдување за да остане на функцијата претседател на СДСМ и однапред најавува дека ќе има некакви нерегуларни избори за да може потоа да каже дека тие биле причината што тој ги загубил изборите, а не затоа што нема поддршка од граѓаните поради политиките што ги води СДСМ и самиот тој, изјави Груевски.

Премиерот рече дека во Изборниот закон се пресликани сите препораки значајни за локалните избори и дека измените се направени откако претходно подолг период за нив е разговарано со претставници на Европската комисија. Додаде и дека Законот бил доставен пред Европската комисија да го објави Извештајот за напредокот на Република Македонија.

– Внесени се сите важни работи кои се значајни за следните локални избори и доколку по нив има нови идеи за подобрување на овој Закон, а особено доколку тоа дојде од Европската комисија, преку дискусија и дебата ќе ги разгледаме со можност да ги усвоиме, рече Груевски.

Тој додаде и дека ако се процени дека има потреба ќе се организира средба на лидерите на политичките партии.

 

izbori

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Горан Наумовски08/02/2026 - 13:50

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Горан Наумовски07/02/2026 - 21:09

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Горан Наумовски16/01/2026 - 10:36

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 19:05

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Горан Наумовски29/12/2025 - 14:50

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен