Груевски: Има интерес за инвестиции во „Џумајлија“

Од:

Има интерес од инвеститори за агрокомбинатот „Џумајлија“ и се надевам дека огласот за негова продажба ќе заврши успешно и ќе се најде инвеститор, изјави денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по почетокот на градежните работи за ремонт на пругите од Коридорот 10.

Согласно огласот, идниот инвеститор што ќе го земе земјиштето под концесија треба да вложи околу 200 милиони евра и да вработи најмалку 2.000 лица.

– Во претходниот период кога работеше „Џумајлија“ беа ангажирани околу 300 работници како и сезонски работници. Во новиот оглас се предвиодува во тригодишен период да се дојде до бројка од минумум 2.000 луѓе и инвестиција од најмалку 200 милиони евра во изградба на млекарница со одредене капацитет, на производен погон за сточна храна и набавка на одреден број говеда однсоно минимум 20.000, рече Груевски.

Според него, агрокомбинатот „Џумајлија“ ќе прерсне во сериозен центар пд којшто поради големиот капацитет ќе се продава не само во Македонија, туку и низ цела Европа. Засега има интерес од инвеститори и се надеваме дека со успех ќе заврши целата рабта, но сепак треба да се почека да заврши огласот, посочи премиерот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски