Груевски и Заев на дуел во четворката

Од:

Партиите ги доставија листите со кандидати за пратеници до ДИК.

ВМРО-ДПМНЕ пред истекот на рокот, ги поднесе листите кои ги потврди Централниот комитет, откако претходно биле усвоени од Извршниот комитет.

Никола Груевски  се одлучи за директно соочување со лидерот на СДСМ во четвртата изборна единица. Тука се кандидира и екс разузнувачот Слободан Богоевски Љупчо Георгиевски.

Никола Поповски ќе ја предводи единицата, носител во втората изборна единица ќе биде Никола Тодоров, Илија Димовски во тројката, Антонио Милошовски во петката, а Влатко Ѓорчев во шестата изборна единица.

„Листите се составени од лица кои уживаат голема доверба кај граѓаните. Овие се листи со кои што ДПМНЕ ќе освои 63 пратеници. Ова е најголемата коалиција од 25 партии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски непосредно пред истекување на рокот за доставување на листите со кандидати до ДИК на својот Фејсбук профил напиша:

“Како кандидат за премиер, го очекував во ИЕ1. Не дојде. Во 2014-та го немаше на ниту една листа. Сега ја одбра 4-тата изборна единица. Затоа јас решив да ја предводам изборната единица која тој ја одбра. Освен што цела Македонија ќе треба да се одлучи за премиер помеѓу нас двајцата, граѓаните во 4-ката ќе имаат можност и директно да одберат помеѓу мене и него. Време е, заедно со народот, да го соочам со реалноста и директно да го победам. После се што се случи, да го добие одговорот од народот за тоа што и го направи на Македонија”.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата