Груевски и кризата: Кој кого менаџира?

Од:

Помеѓу поплавите и заканите со „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, премиерoт Никола Груевски денеска „ненадејно“ ги викна на средба претставниците на „Студентски пленум“.

Исто така ненадејно, пред полноќ, јавноста дозна и дека СОНК го прекинува штракот кој траеше две недели. Сè уште не стивнале муабетите за тоа дали наставниците изгубија или добија со договорот што врхушката на работничкото движење го постигнала со министерот за образование, Абдилаќим Адеми, се појави и договор меѓу студентите и премиерот.

На сите повеќе од јасно ни беше дека договор ќе има, без разлика на првичните реакции на студентите и соопштенијата од кабинетот на првиот човек на македонската влада. Сите знаеја дека кој влегол во кабинетот на Груевски, без договор не излегол, освен, секако, Заев. Но, тоа е веќе друга приказна.

По офанзивата на Владата за „ставање во ред“ на образовните структури во дражавата, се отвора дилемата за потребата од акцијата наречена „мирна интелигенција“, со која власта ќе се обиде со сите сили и со ветувања, кои можеби и не ѝ се по ќеф, да го придобие мирот од оваа елитистичка структура? Дали целата оваа серија (ослободување на Кежаровски, Вранишковски, договор сo СОНК, со УКИМ, со пленумците) ќе има крај и ќе донесе мирни улици и има ли врска со операцијата „Пуч“? Чуму толкава брзина и честота? Што треба да се превенира?

Како и што почна, ненадејно и брзо, а потоа стана и масовно окупирањето на улиците, исто толку ненадејно и брзо се поведе акција за нивно смирување.

По најавата за продожување на дијалогот со СОНК, денеска и со разговорите на студентите од „Студентски пленум“, нема неочекувано и хонорарците да видат бел ден. Особено по најавите дека иднот („црн“) петок тринаесетти и тие ќе протестираат.

Јасно е дека на Груевски не му одговара (барем во моментов) полна улица. На власта ѝ требаат мирни улици. Груевски сè помалку може да менаџира повеќе кризи одеднаш, па почна една по една да ги релативизира и да ги решава.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Трудова ќе ги проверува синдикатите во М-НАВ: „Таа фирма е семејна, брат му на Тасевски работи таму, татко му работел таму“

A1on