Груевски: Грција да го прогласи Бранко за народен херој

Од:

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, последнта оценка од Брисел, ја оцени за најпозитивна досега. Но, според него, Бранко Црвенковски ја прави најголемата штет, бидејќи највеќе одработил за Грција.

„Секогаш кога што земјава ќе тргнеше напред ќе се случеше некој инциент предизвикан од него, но овој пат се надмина самиот себе си и незнам што ќе добие од тоа, тој најдобро знае, но знам дека со ова одработување на Грција, тој прави огромна штета на државата, но нема тој да трае долго. Неговите погрешни чекори се повеќе луѓето ги препознаваат, а и неговите соработници и блиски луѓе отворено говорат за тоа, потецираше премиерот. да ако продолжи вака да прави и да го руши имицот на државата, Црвенковски во Грција треба да го прогласат за народен херој“, рече Груевски.

Тој посочи дека Македонија во минатото имала и поголеми штетници, па така ќе го издржи и овој штетник, за потоа земјата да зачекори напред.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски