Груевски го честита Денот на македонската револуционерна борба

Од:

Премиерот Никола Груевски упати честитка од името на Владата на Република Македонија по повод 23-октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Организираното дејствување и мотивот на нашите предци за создавање на сопствена, слободна и независна македонска држава претставуваат едни од најсветлите моменти во македонската историја. Таквиот идеал, со посебна жестина во сите свои манифестации, избликнал сред нашиот народ кон крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век, кога добива и карактеристика на инспирирано, организирано интелектуално и вооружено движење, чија основна цел се слободата и правдата. Симбол на таквиот изблик е токму Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, чие основање се случило токму на 23-ти Октомври 1893 година, стои во честитката.

Под крилото на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, биле остварувани идеалите и реализирана борбата на народот за достоинство, за слободата, правдата и човечките права. ВМРО израснала во вистински култ на македонскиот непокор, и Организација која во својата суштина се темелела на вредностите, цврсто го почитувала моралот, соработката и почитувањето со останатите народи кои живееле на овие простори. Оваа организација е извор на бројни легендарни подвизи на храброст и саможртва на македонските револуционери, но и на високо интелектуални исчекори на полето на политичката и општествена мисла, се вели во честитката.

Би можело да ве интересира

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

Орце Костов

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Трудова ќе ги проверува синдикатите во М-НАВ: „Таа фирма е семејна, брат му на Тасевски работи таму, татко му работел таму“

Орце Костов

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он