Груевски: Ги завршивме сите реформи што претходната Влада не можеше да ги заврши

Од:

Македонија ги има исполнето условите за да стане членка на НАТО уште во 2008 година. Стратешка политика на оваа Влада е земјата да влезе во НАТО и ЕУ, нагласи премиерот Никола Груевски на вчерашната трибина во Велес.

„Сите реформи за година и пол ние ги завршивме откако дојдовме на власт, односно сите оние што претходната Влада не можеше да ги заврши. Така добивме статус на земја што ги исполнува сите услови, а  поканата е одложена поради прашањето со јужниот сосед.

– Исто така, во 2009 година успеавме да ги елиминираме визите, нашите граѓани сега  патуваат без визи низ Европа и првпат добивме позитивен извештај за реформите и препорака за почеток на преговорите.

– Таа препорака веќе четири пати се обновува, а оваа година добивме најпозитивен извештај од Европската Комисија и четврта по ред многу сериозна препорака од ЕК до Европскиот Совет велејќи дека овојпат Комисијата бара без одлагање на Македонија да и се додели датум за почеток  на преговорите и да ги започне затоа што земјата заслужи, затоа што земјата и Владата правеа реформи со кои имаат сериозен напредок на сите полиња на општественото живеење“, истакна Груевски.

Би можело да ве интересира

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

Орце Костов

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Трудова ќе ги проверува синдикатите во М-НАВ: „Таа фирма е семејна, брат му на Тасевски работи таму, татко му работел таму“

Орце Костов

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Ковачевски: После една две пијачки со другарите, одам дома да ја дочекам Новата година

Орце Костов