Груевски-Гедвилас: Поинтензивна парламентарна соработка во областите од заеднички интерес

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска во рамки на својата политичка посета на Република Литванија, имаше средба со претседателот на литванскиот Парламент, Видас Гедвилас.

Пријателските односи кои постојат помеѓу двете држави треба да се пресликаат и во поинтензивна парламентарна соработка во областите од заеднички интерес, било констатирано на средбата, соопшти Секторот за односи со јавноста на Владата на Република Македонија.

Премиерот Груевски изразил очекување дека парламентарната соработка со литванскиот Парламент ќе биде динамизирана дополнително во периодот што следува преку реализација на нови форми на соработка.

Тој изразил и благодарност за силната поддршка на европските и евроатланските интеграции на Република Македонија која ја дават парламентите од балтичките земји, кои за време на состанокот на Комитетите за европски прашања на националните парламенти на земјите членки на ЕУ (ЦОСАЦ), кој се одржа во Копенхаген минатата година, покренаа заедничка декларација со која побараа брз старт на преговорите за членство на Република Македонија во Европската Унија.

Македонскиот премиер го истакнал позитивното значење на овој чекор кој претставува конкретна поддршка која Литванија и останатите земји ја даваат во процесот на нашето пристапување кон Европската Унија.

– Македонија останува посветена на европската агенда, истакнувајќи ги четирите позитивни извештаи на Европската Комисија за напредокот на нашата земја и четирите препораки за определување на датум за почеток на пристапни преговори за членство во Европската Унија, како и посветеноста и иницијативноста за надминување на отворените прашања кои ја попречуваат европската интеграција на Република Македонија, истакнал премиерот Груевски, стои во соопштението.

Претседателот на Парламентот на Република Литванија, Видас Гедвилас констатирал дека двете држави развиваат одлична соработка која е добра основа за дополнително надградување на односите. Тој го поздравил напредокот и заложбите на Македонија на планот на ЕУ и НАТО агендата посочувајќи дека парламентарната соработка меѓу двете држави ќе донесе напредок и дополнително зближување на пријателските односи меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он