Груевски: Две нови индустриски зони, училиште и градинка во Бутел

Од:

Изградба на две нови индустриски зони во Општина Бутел, со цел привлекување инвеститори и отворање работни места, се предвидени во програмата на кандидатот за градоначалник на општината од ВМРО-ДПМНЕ Петре Латиновски.

– Градоначалникот планира две индустриски зони за да се привлечат фирми, и на тоа место да изгрдат  погони, фабрики, да се вработат луѓе, веројатно  голем дел од самата општина. Првин ќе биде изградена едната индустриска зона, ќе се продаваат локациите и додека тие се продаваат  и почнуваат да се градат погони и фабрики ќе се уредува инфраструктурата во  втората индустриска зона, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски.

Тој  попладнево го посети местото каде се гради новата зграда на училиштето „Живко Брајковски“. Карабината на училиштето, најави, ќе биде изградена за четири месеци, по што ќе се работи на фасадниот и внатрешниот дел.

– Тоа ќе биде убав проект од корист  за учениците и наставниците. Покрај ова училиште, веднаш по неговото завршување градоначалникот планира уште едно во Визбегово, планира градинка во Радишани, а булеварот  Христијан Тодоровски Карпош ќе се продолжи до индустриската зона што ќе се гради, рече Груевски.

Проеките што ги наведе, како што посочи, се само дел од планираните во програмата на Латиновски. – Сакаме да порачаме дека во Бутел се градеше и ќе се гради и понатаму, ќе се гради тоа што е од корист, значење и приоритет на граѓаните, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Латиновски  истакна дека  општина Бутел, осум години по нејзиното формирање, со реализираните низа проекти,  докажала дека има перспектива. Тоа, укажа, е постигнато со помош и во соработка со Владата и градоначалникот на Град Скопје Коце Трјанаовски.

– Ги решаваме основниоте инфраструктурни  проекти. Пред неколку дена решивме едно такво, иако не припаѓаше на делот на општината, пуштањето  водовод на населеното место Кучевишка бара. За целосна реализиција ни остана уште еден водовод во населеното место Љуботен. Со тоа се заокружува она што е основно и значајно.Покрај инфраструктурата во иднина ќе посветиме многу поголемо внимание и на културата и на уметноста, рече Латиновски.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД

Бугарија оди на седми избори во последните три години: „Ова е деструктивно“

Горан Наумовски

Подгорица оди на вонредни избори

Нацистички ловец во Франција ги советува Евреите да гласаат за екстремната десница

Горан Наумовски

Избори во Велика Британија: Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира нова влада

Горан Наумовски

Утре се изборите во Велика Британија, некои конзервативци веќе го признаа поразот