Груевски-Џипинг Си: Старегиско партнерство, економска соработка, инвестиции

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска во Пекинг имаше средба со претседателот на Народна Република Кина Џипинг Си, на која двајцата соговорници ги поздравиле пријателските односи кои постојат помеѓу двете држави на секое ниво од билатералната соработка.

На средбата, како што информираат од владината прес-служба, било констатирано дека меѓусебните односи во континуитет бележат нагорен тренд и се развиваат во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и високиот степен на доверба.

Премиерот Груевски истакнал дека во соработката со Народна Република Кина, Република Македонија гледа можност за стратегиско партнерство, особено во полето на развојот на економските односи, трговската размена и соработката на полето на инвестициите.

Соговорниците заклучиле дека областите каде може да се забележи значителна соработка е инфраструктурата и градежништвото, енергетиката, како и медицината.

Македонскиот премиер го запознал претседателот Џипинг Си со реформите кои се спроведуваат во Македонија, како и со мерките кои ги презема Владата во контекст на привлекување на инвестиции и бројните поволности за водење на бизнис. Притоа истакнал дека Македонија е отворена со полн капацитет за иницијативата на кинеската Влада за потесна соработка во економијата помеѓу НР Кина и земјите од Источна и Југоисточна Европа.

премиерот Груевски ја реафирмирал отворената поволна опција на македонската Влада за изградба на технолошко индустриска развојна зона наменета само за кинески компании во нашата земја, при што детално биле презентирани предностите и условите кои се важни при одлучувањето кинеските компании своите бизниси за покривање на потребите на европскиот пазар да ги лоцираат и да инвестираат во Република Македонија.

– Со претседателот на Кина поразговаравме и за други работи. Уште еднаш ја реафирмиравме нашата поранешна понуда за отворање на специјална зона за кинески компании во Република Македонија. Тука сеуште постои интерес за тоа, се разбира потребни се нови анализи затоа што се работи за нова власт, нов претседател, нов премиер, комплетна промена на раководството во Кина и се надевам дека во иднина ќе има интерес за инвестирање од страна на кинески компании во Република Македонија.

Ја објаснив и добрата бизнис клима во Македонија, фактот што Македонија има договор за слободна трговија со сите земји на континентот Европа што за секоја кинеска компанија би значело една одлична можност да произведува во Македонија, каде што има ниски трошоци, добро образована работна сила, а можност да продава насекаде низ Европа, и се разбира зборувавме и за други аспекти, за зајакнување на размената на туристи, за поддршка на други проекти и начини на соработка помеќу Македонија и Кина, изјави премиерот Груевски по средбата.

Во однос на иницијативата на Кина за алоцирање на 10 милијарди долари средства на кинеската Влада за финансирање проекти, премиерот Груевски истакна дека Република Македонија во целост е подготвена да учествува во неа со конкретни проекти.

Би можело да ве интересира

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи