Груевски: Членството во ЕУ и НАТО остануваат врвни приоритети во надворешната политика

Од:

Пристапувањето на Република Македонија во НАТО и отпочнување на преговорите за членство во Европската унија, како и зачленувањето во Унијата остануваат врвни приоритети во надворешната политика и на новиот владин состав, истакна мандатарот Никола Груевски при презентацијата на Предлог-владината програма за периодот 2014-2018 година.

– Приоритети во надворешната политика се: членство во НАТО, отпочнување на преговорите за членство во Европската унија и зачленување во ЕУ, унапредување на постојните стратешки партнерства како и засновање нови, надминување на наметнатиот спор од Грција, а во врска со уставното име на Република Македонија, продлабочување на меѓусоседските односи и регионалната соработка во Југоисточна Европа, промоција на македонските економски интереси во странство, засилување на економската и јавната дипломатија и засилување на врските на Македонија со дијаспората и заедничка соработка за националните и државните интереси. Критериумите од Копенхаген остануваат наша цврста определба на патот кон членството во Европската Унија, каде природно припаѓаме. Продолжуваме да бидеме фокусирани и на усвојување на законодавството на ЕУ и негово спроведување, подвлече Груевски.

Во однос на политичкиот спор, кој Грција го наметна за уставното име на нашата земја, Владата, потенцира Груевски, е подговтена да го продолжи грчко-македонскиот дијалог врз основа на веќе утврдената стратегија и принципи.

– Владата нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија и нема да прифати идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и македонскиот јазик. Владата нема да дозволи кое било решение за спорот, кој го наметна Грција да биде прифатено без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум, а при тоа мнозинството од граѓани кои ќе излезат на референдум да се согласат со можното решение, рече мандатарот Груевски во своето експозе пред Парламентот.

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски