Груевски: Бразил е реформист, како и мојата земја

Од:

Македонија има бројни компаративни предности, а голем број мултинационални компании на неа гледаат како на порта кон европските пазари. Оваа порта и Бразил може да ја искористи како можна поволна дестинација за бразилските инвестиции и бизниси, изјави вчера премиерот Никола Груевски, за време на презентацијата на македонските инвестициски можности пред бизнисмени од Бразил.

Груевски, како што се вели во соопштението од владиниот кабинет, го доживува Бразил исто толку реформистички колку и Македонија, оти оваа јужноамериканска земја континуирано инвестира во развојот, во градежништвото, земјоделството, образованието, здравството и инфраструктурата, ја реформира деловната клима и гради економија базирана на знаења.

„Премиерот ги покани бразилските бизнисмени да ја посетат Македонија и да направат анализа на компаративните предности и да ги проверат опциите кои досега ги искористиле странски реномирани компании“, се вели во соопштението.

Директорот на Конфедерацијата на националната индустрија за Бразилија, Карлос Едуардо Абиџоди, во чија организација се реализира бизнис-форумот, е дециден дека пред каква било одлука, бразилските бизнисмени треба да престојуваат во Македонија.

– Во интерес на коморите и компаниите е да ја посетат Македонија и да направат дополнителни анализи, истражувања и проценки за напредок во процесите – порачал Абиџоди.

Би можело да ве интересира

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он

Членот на обезбедувањето на премиерот доби условна казна за тепањето на сопругата

А1он

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка