Груевски: Безбедносната реакција следуваше откако беше нападнат Вељаноски

Од:

Безбедносната реакција на собраниското обезбедување следуваше откако беше нападнат и евакуиран претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и беше заземена неговата работна маса, истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

По промоцијата на 13 нови наслови од различни области, од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“, Груевски рече дека од она што вчера го видел на снимките, пратенициите од СДСМ се обидоа да го нападнат претседателот на Собранието, кој ја претставува државата, а потоа следувала безбедносна реакција.

– Тој е претседател на Собранието, кое е Собрание на сите граѓани. Тоа е втора личност по ранг во државата и човек кој го заменува претседателот на државата во услови кога тој е во неможност да ја извршува функцијата. Беше нападната институцијата претседател на Собранието, не само човекот Трајко Вељаноски, а беше запоседната институцијата, рече Груевски.

Тој нагласи дека доколку не реагирало собраниското обезбедување веројатно ќе бил доведен во прашање животот на претседателот на Собранието.

– Собраниското обезбедување со крајни напори го извлече од салата претседателот на Собранието и беше запоседнато Собранието. Почнаа да се качуваат пратениците на СДСМ на маса, да скокаат, да рипаат, да тегнат микрофони, седнаа на столчето на претседателот. Симболично кажано, сакаа да покажат дека го заземаат на сила Парламентот на Република Македонија на нелегитимен начин и незаконски начин со грубо кршење на законите и на Уставот. Во една таква ситуација независно кој го прави тоа, должност и обврска на собраниското обезбедување во секоја земја, па и во Македонија е да го заштити Парламентот, да го заштити животот и здравјето на претседателот на Собранието и да овозможи продолжување на работата на Парламентот. Тоа се случи вчера, посочи Груевски.

Доколку имало некакви пречекорувања, премиерот нагласи дека ќе се разгледаат на видео снимките.

– Од она што јас сум информиран, собраниското обезбедување со крајни напори и со многу претрпени удари од другата страна како што тие кажуваат, снимките ќе покажат дали е тоа така, успеале да создадат ред и можност да продолжи да работи Парламентот на Република Македонија без да бидат загрозени животите и работата воопшто на пратениците, подвлече претседателот на Владата Груевски.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов