Груевски: Ако на Црвенковски му треба излезно решение за бојкотот, подоготвен сум да свикам лидерска

Од:

Премиерот Никола Груевски  вели дека е подготвен да свика лидерска средба доколку на претседателот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски  му треба излезно решение од ситуацијата во која влегол. Црвенковски, смета Груевски, е прилично изолиран во неговите намери за  бојкот на локалните избори.

– Доколку во еден даден момент на господинот Црвенковски му треба  излезно решение од ситуацијата во  којашто влезе, ако почувствуваме каква било потреба за една средба помеѓу нас, јас нема да се двоумам и ќе повлечам чекор во тој правец, изјави Груевски, одговарајќи на новинарско прашање, по посетата на две нови лаборатории на Природно математичкиот факултет.

Груевски посочи дека од терен од  комитетите од ВМРО-ДПМНЕ добиваат информации оти комитетите на СДСМ активно работат на подготовка за локалните избори и насекаде зборувале  дека претставниците кои им доаѓаат од раководството во Скопје им укажувале оти локални избори ќе има и дека СДСМ ќе учествува.

Тоа, оцени Груевски, од  една страна говори дека господинот Црвенковски е прилично изолиран во неговите намери да го отстрани СДСМ од учество на локалните избори, веројатно придружуван од  два-тројца луѓе од раковдоството. – Другите луѓе од раковдството одат на терен  и ги информираат нивните комитети да се подготвуваат и да работат затоа што тие цврсто веруваат дека СДСМ ќе учествува  на локалните избори,  изјави Груевски.

Би можело да ве интересира

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Полска е поголема отколку пред пет години

Локални избори во Хрватска: Затворени гласачки места, ниска излезност