Груевски: Ако има суштински аргумент, ќе го повлечеме законот

Од:

Законот не е донесен. Првата фаза е помината, има втора фаза, има можност за амандмани. Ништо не е завршено. Ние сме подготвени да го повлечеме па повторно да го пуштиме законот во корегирана форма. Меѓутоа треба да слушнеме суштински аргумент за тоа, рече премиерот Никола Груевски во Дневникот на Сител.

– Имаше сериозна дебата, имаше луѓе кои што поддржуваа, кои што критикуваа, кои што даваа идеи како да се подобри текстот на законот и јас сум многу благодарен за тоа. Во 8 часот им закажав на министерот, заменикот, државниот секретар во министерството за образование, мојот советник за образование и повеќе други да се собереме да сублимираме што од дискусијата можеме да го превземеме и да подобриме – рече Груевски.

Тој додаде дека го прифатиле предлогот не една третина туку половина од испитите од трета година да се полагаат без положен државен испит.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски