Груевски-Абе: Одлични политички односи, интензивирање на економската соработка

Од:

Република Македонија и Јапонија имаат одлични политички односи на билатерален и на мултилатерален план. Во рамките на дваесетгодишните дипломатски односи двете земји континуирано ја унапредуваат соработката, констатираа на денешната средба во Токио премиерот Никола Груевски и неговиот јапонски колега и домаќин Шинзо Абе.

Како што соопшти владината прес-служба, соговорниците изразиле задоволство и од практиката на одржување средби на највисоко политичко ниво и истакнаа заложба и личен ангажман за унапредување и продлабочување на економските односи, економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите.

– На средбата со јапонскиот премиер заклучивме дека политичката соработка помеѓу Македонија и Јапонија е одлична на секаков план, и на билатерален план, и на мултилатерален, преку поддршка во Обединетине Нации на различни иницијативи на двете страни со поддршка едната на другата. Практично зборувавме доста за економскиот дел, за она што вчера го презентиравме пред инвеститорите и компаниите од Јапонија. Ги објаснив предностите кои Македонија ги има за правење бизнис кај нас и заеднички се согласивме дека тоа се одлични односи и дека е оправдано нашето доаѓање за објаснување на предностите што ги даваме за инвестирање во нашата земја, вели премиерот Груевски.

Во разговорите станало збор и за други видови соработка.

– Разговаравме и за другите видови на соработка, соработката во образованието каде што Јапонија го зголемува бројот на стипендии за студенти од Република Македонија, и за секаков вид друга соработка, во областа на културата, на економијата каде што најмногу се задржавме, така што можам да кажам дека средбата беше одлична и продуктивна и се надевам дека сите овие наши напори да привлечеме повеќе компании во Македонија ќе вродат со плод, истакна премиерот Груевски по средбата.

Претседателот на Владата информираше за стратешките определби на Македонија за европските и евроатланските интеграции, и за реформите кои се спроведуваат во насока на обезбедување поволна бизнис клима за странските инвеститори и општо за развој на економијата.

Премиерот Груевски ја иницираше и темата околу можностите за склучување билатерални договори за одбегнување на двојното оданочување и за заштита на инвестициите.

Премиерот Абе позитивно ги оцени економските реформи кои ги спроведува Република Македонија, истакнувајќи дека истите тие реформи се потврдени со резултати и дека поволностите и мерките кои ги нуди се охрабрувачки за анализи и размислувања за јапонските инвеститори при креирањето одлуки за проширување на нивните бизниси.

Соговорниците се согласија дека во интерес на двете страни е продолжувањето на соработката преку Јапонската агенција за интернационална соработка (ЈИЦА) и дека и во иднина ќе се реализираат заеднички проекти од овој делокруг. Беше акцентиран проектот за довршување на колекторскиот систем на Охридското Езеро.

Стана збор, се наведува, и за продлабочување на односите на полето на образованието, преку стипендирање и размена на студенти од двете држави за студии на универзитетите во двете држави. Позитивно беше оценет и почетокот на соработката во областа на здравството, за едукација и тренинг на докторите и медицинскиот персонал. На полето на културата се разговараше за проширување на културната соработка преку нови форми и можности за промоција на културите во двете земји.

Беше констатирано дека соработката на мултилатерален план во Обединетите Нации е позитивна и дека е во интерес на двете страни.

По официјалната посета на Јапонија македонската владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски заминува во посета на Република Кореја.

Би можело да ве интересира

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

Орце Костов

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Трудова ќе ги проверува синдикатите во М-НАВ: „Таа фирма е семејна, брат му на Тасевски работи таму, татко му работел таму“

Орце Костов

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Ковачевски: После една две пијачки со другарите, одам дома да ја дочекам Новата година

Орце Костов