Груевски: 21 милион евра за обнова на патните правци Велес-Скопје и Велес-Кадрифаково

Од:

Два значајни патни правци во Велес ќе почнат набргу да се реконструираат, најави денеска премиерот Никола Груевски.

Патниот правец Велес-Скопје, долг 24 километри, инвестиција од околу 6 милиони евра, ќе почне во втората половина на јули, а ќе заврши за една година.

– Тоа ќе биде целосна реконструкција на автопатот Велес-Скопје откако веќе заврши реконструкцијата на автопатот Скопје-Велес, рече Груевски.

Втората значајна реконструкција во патната инфраструктура е проширување на патот Велес-Кадрифаково, главна спојница со источна Македонија.

– Тоа е доста оптоварен пат зашто е главен влез за источна Македонија. Неговата прва фаза е завршена, втората е при крај и од август треба да започне третата фаза на потегот помеѓу Лозово и Кадрифаково. Оваа реконструкција со одредени проширувања ќе чини околу 15 милиони евра вкупно. Само оваа втора делница заедно со првата се околу 6, а со третата се околу 15 милиони евра, рече Груевски.

Тој нагласи дека ова е значајна инвестиција во патната инфраструктура која ќе ја користи цела Македонија, а посебно ќе значи за жителите на Велес кои секој ден се движат кон Скопје или кон источна Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски