Груби: Во парламентарното мнозинство се добредојдени сите партии кои се залагаат за европската иднина на државата

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедници Артан Груби и висок функционер од ДУИ денеска изјави дека во парламентарното мнозинство се добредојдени сите партии кои се залагаат за европската иднина на државата и отворање на преговорите со Европската унија.

-Во моментов разговараме не само со Алтернатива туку има контакти и со други политички партии што се дел од Собранието за да се приклучат на парламентарно мнозинство или да го поддржат и мислам дека сите тие што сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ ќе се приклучат кон ова парламентарното мнозинство. Јас сум уверен дека Заев ќе ја почне процедурата за нов претседател на СДСМ, ова е процес што не завршува за еден ден, туку мислам дека ќе трае еден месец и дотогаш се надевам дека ќе имаме стабилно парламентарното мнозинство и да продолжиме со реформи преку, првично одобрувањето на буџетот на државата, но и решавање на спорот со Бугарија, рече на новинарско прашање Груби кој присуствуваше на одбележувањето на 113-годишнината од Битолскиот конгрес и 14-годишнината на постоењето на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Северна Македонија.

Тој информира дека вчера разговарал со премиерот Заев за средбата што ја имал со Алтернатива, и оти денеска ќе имаат нова средба во врска со случувањата со новото парламентарно мнозинство. Нагласи и дека во разговорот не станало збор за кадровски прашања поврзани со евентуалниот влез на Алтернатива во Владата.

-Не верувам и не очекувам драматични случувања во земјава и убеден сум дека и Гаши, но и другите албански политички партии, вклучително и Касами и Села, се свесни за значањето на овој момент и случувањата што се превземаат во Брисел во насока на отворањето на преговорите, и нема да направат ниеден чекор за да ја загрозат европската иднината на земјата, посочи меѓу другото Груби.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови