Груби во дводневна посета на Брисел

Од:

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, неделава ќе претстојува во дводневна посета на Брисел.

Претеникот Груби ќе учествува на тркалезна маса на тема: „Западен Балкан на раскрсница: Нови предизвици, сменета динамика„, што се оддржува во Брисел, на покана на „Пријатели на Европа“ и на Европскиот Самит за европска политика.

На конференцијата, меѓу другите, ќе учествуваат премиерот на Албанија Еди Рама, директорот за европска и соседска политика и проширување на Европската комисија Кристијан Даниелсон, како и Ајсе Кихан Султаноглу, асистент на Генералниот секретар и регионален директор за Европа и за Комонвелтот на независни држави (ЦИС) и на УНДП.

Исто така, Груби, по покана на неговите колеги од Европскиот Парламент ќе учестувува и на Европскиот молитвен појадок на 6 декември каде што ќе се сретне со повеќе високи учесници.

Во рамките на посетата на Брисел, Груби ќе реализира посебни средби и со европратениците Иво Вајгел, Едуард Кукан, и Кнут Флекенштајн, како и со Давид Кулен, од Европската Комисија, одговорен за подготовка на извештајот зa Македонија и Косово и со Едвард Ауер од канцеларијата на Федерика Могерини.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски