Груби вети дека ќе се заложи и за родова рамноправност во политиката

Од:

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, кој пред два дена најави владини субвенции за вработувања во приватниот сектор по етнички клуч денеска вети дека ќе се заложи да ја поправи сегашната „слика“ во однос на родовата еднаквост во политиката во земјава, нагласувајќи дека за него таа не е прифатлива.

Тој, на новинарско прашање околу ветувањата на СДСМ за еднаква застапеност на мажите и жените на политичките функции, рече дека, во неговата партија Демократската унија за интеграција (ДУИ), која е коалициски партнер во новата Влада, е започнат процес на огромно партиско реформирање.

Во новиот владин состав од 19 министерски позиции, само четири им припаднаа на жени, ДУИ немаат ниту една жена министерка, а во однос на предлогот за нивните заменици, кои вчера ги објави Владата, има само две жени.

– Деведесет и два отсто отсто од шефовите на подограноците се нови, 95 отсто од шефовите на ограноците се нови, 70 отсто од Генералното собрание на партијата се нови членови, од кои 43 отсто се жени, 39 отсто од кандидатите за пратеници беа жени во листите на ДУИ. Прва партија во нашата држава која што воведе секретар на исто ниво на кое што сум јас и во партијата за еднакви можности со тоа што го префрлуваме Женскиот форум да не биде посебно тело во партијата, туку да биде дел од партиските органи. Прва партија која што имаше градоначалник на рурална општина во Осломеј, прва партија која што имаше градоначалник на урбана општина – Теута во Тетово. Прва партија која што имаше потпретседател на Собранието. Ќе се заложам за да ја поправиме таа слика која што и за мене не е прифатлива, одоговори Груби.

Министерот за здравство Венко Филипче, посочи дека во секторот здравство има огромен број на жени коишто се на директорски и на менаџерски позиции и тие клиники и болници навистина се едни од најдобрите и покажаа многу добри резултати во однос на напредокот на институцијата, имплементирањето на нови методи, намалувањето на бројот на испраќање на болните во странство…

– Така што освен што се жени на менаџерски позиции, секако дека има и во тимовите. Има една изрека доколку сакате да решените некаков проблем па и општествен тогаш треба да се мобилизираат и жените, нагласи Филипче.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски