Груби-Вајгл: Брисел да ги исполни очекувањата на Македонија

Од:

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, ја заокружил својата дводневна посета на Брисел со средба со европратеникот Иво Вајгл, кој е известител за Македонија во Европскиот парламент, информираат од Комисијата за европски прашања во Собранието.

На средбите Груби истакнал дека Македонија ја цени досегашната поддршка на ЕУ на политички и на економски план, но во духот на новите позитивни процеси, кои најавуваат оптимистични прогнози за забрзана интеграција на земјите од регионот, побарал да се валоризираат напорите на Скопје за реализирање на бараните реформи со тргнување на условената препорака и добивање датум за преговори за прием во ЕУ.

„Парламентарното мнозинство, но и граѓаните на Македонија, со посветеност работат на исполнување на очекувањата од Брисел и очекуваме дека и пријателите од Европската Унија в година ќе испорачаат во согласност со нашите стремежи“, порачал Груби.

Во врска со подготовката на годишната резолуција за напредокот на Македонија, во Комисијата за надворешна политика – АФЕТ на Европскиот парламент, Вајгл како нејзин известител истакнал дека ќе биде афирмативен, но и дека е потребен, пред сè, политички, граѓански и етнички консензус за заедничко дејствување во спроведувањето на ЕУ-реформите, при што како приоритетни ги посочил судските реформи и реформите од корпусот на владеењето на правото.

Тројката европратеници ја прифатиле поканата на Груби да учествуваат на регионалната конференција организирана од Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија во февруари в година.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски