Груби: Успешните жени на нашите заедници се пример за општеството

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби по повод Денот на жената денеска се сретна со претставнички на сите заедници кои живеат во земјава.

Од кабинетот на првиот вицепремиер информираат дека Груби заедно со присутните госпоѓи за време на одбележувањето на 8 Март се осврнале на прашања поврзани со светот на жените, на нивните достигнувања, социјалните и политички прашања поврзани со еднаквите можности, но и на чекорите што треба да се преземаат за да се надминат празнините што се уште постојат.

– Гзиме Старова, Изета Бабачиќ, Аспазија Софијанова, Дрита Карахасан, Васка Мустафа Бајрамоска, Анета Пешева и Братислава Танасковиќ се успешни жени со својата професионалност во заедниците на кои припаѓаат, но сите заедно за целото наше општество, истакна Груби.

На оваа средба, Груби потенцира дека еманципацијата на жените започнува со еманципацијата на нивните сопрузи, истакнувајќи дека не само денеска, на 8 Март, туку систематски и секој ден треба да се почитуваат напорите на жените.

Говорниците се согласија дека од особено значење е да се запаметат делата на успешните жени со цел да се зајакне влијанието на жените во нашето општество и токму тоа е важноста на одбележувањето на 8 Март.

На оваа средба се разменети мислења и е постигната согласост дека пред борбата против секоја дискриминација и насилство врз жените сè уште продолжува и дека оваа битка мора и ќе остане постојана.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓузаедниците, Артан Груби на крајот од овој настан истакна дека „факторизацијата на жените во нашето општество, останува наша заедничка обврска и услов што треба да го исполниме“.

Би можело да ве интересира

Митева: Груби да каже дали девет пратеници не сакаат да гласаат уставни измени и дали еден пратеник од ДУИ барал пари за да гласа

Груби го најави Ахмети како спектакл за млади, а Ковачевски ѝ посака успех на ДУИ на партиските митинзи

Орце Костов

(ВИДЕО) Груби за играњето фудбал: Јас дриблам, а градоначалникот на Тирана даде гол со пета

Орце Костов

(ВИДЕО) Артан Груби кон новинар: Да ми се извиниш затоа што забега

Орце Костов

Груби дал бланко оставка – Ако каже Ахмети, ќе си одам веднаш

А1он

Груби: Зборуваме со пратеници од опозицијата за уставни измени, ни влеваат доверба дека ќе ги поддржат

Горан Наумовски