Груби-Тимоние: На земјата и е потребен Претседател на сите

Од:

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Артан Груби, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние, се наведува во соопштение од Комисијата.

На средбата Груби се заблагодарил за досегашната француска поддршка за нашите евроинтегративни процеси и истакнал дека земјата одлучно чекори кон зачленување во евроатлантските структури, по успешно завршените задачи во однос на усвоените уставни амандмани, со кои се имплементираше Преспанскиот договор, како и по ратификувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, се наведува во соопштението.

Ратификувањето на Преспанскиот договор од страна на Грција како и на Протоколот за членство во НАТО, е позитивен исчекор, со кој се надмина долгогодишната блокада од нејзина страна. Со тоа Република Северна Македонија веќе нема отворени политички прашања, и претставува успешен пример за промоција на демократските и западните вредности во регионот.

Груби побара Франција и останатите земји членки на ЕУ да ги валоризираат овие наши резултати и да поддржат добивање на датум за почеток на преговори за ЕУ членство.

На средбата пратеникот зборувал и за претседателските избори во земјава, како и преговорите помеѓу СДСМ и ДУИ, но и за актуелните случувања во земјава. „На земјата и е потребен кандидат кој ги обединува сите граѓани, сите заедници, и го бара гласот на сите, а не моноетнички партиски кандидат“, нагласил Груби.

Амбасадорот Тимоние ги поздрави позитивните процеси во земјата, како важен чекор на патот кон ЕУ и НАТО, и ја пренесе подготвеноста на Франција за понатамошна соработка и помош во евроинтегративните процеси од страна на Франција.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да си ја гледа соработката со ДУИ и да каже зошто го пушти Груби да избега

Лефков: Филипче и СДС сега глумат декларативно оградување од ДУИ, а треба јавно да кажат зошто дозволиле Груби да ги краде народните пари

Петрушевски: СДС да се охрабри да ја признае својата сервилност кон ДУИ, и за тоа да се извини на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Со молчењето за скандалите и криминалите на Артан Груби за да останат подолго на власт, СДС се негови соучесници

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го толерираше Груби и кога ги потценуваше и навредуваше граѓаните