(ВИДЕО) Груби: Свесни сме дека годинава нема да станеме дел од ЕУ и НАТО

Од:

Свесни сме дека оваа година нема да станеме дел од ЕУ и НАТО, но треба да отпочнеме преговори, истакна Артан Груби на седницата на Комисијата за европски прашања чиј претседател е и додаде дека тоа што денес се чини тешко, утре ќе биде наградено.

„Оваа препорака е поразлична од претходните седум. Овој пат е навистина поразлична. Ние и Брисел гледаме кон иста цел. Опозицијата, позицијата, млади, стари, Албанци и Македонци застанаа зад иста цел, а тоа е подобар живот, повисоки плати. Сите надежи се кон евроинтеграциите. Се радуваме затоа што конечно научивме дека не можеме да напредуваме со партиска и владина контрола врз медиумите, ректоратот, професорите, студентските организации, наставниците, обвинителите, граѓаните. За ова најголемата одговорност е кај нас политичарите. Во најскоро време и другите ќе научат“, истакна претседателот на Комисијата за европски прашања.

Според Груби, одговорноста ја носи и академската заедница, судството, медиумите и невладините организации. Тој вели дека заокружени се клучни реформи, а со тоа е вратена довербата на членките на ЕУ и НАТО во Македонија.

„За да се има доверба во процесот, оваа препорака иако не е прва мора да биде последна“, вели Груби.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски