Груби: Субвенциите за малцинските заедници во моментов е само дебата

Од:

Субвенциите за малцинските заедници во моментов е само дебата која е отворена. Субвенциониравме вработувања во странските инвестиции во сите слободни економски зони кај што ги имавме и немаше вакви реакции. Жалам што се уште има реакции околу потребата за почитување на Уставот во државата, одговори денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби при посетата на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир.

-Идејата за субвенционирање на правична адекватна застапеност не е само за Албанците, туку е за сите. И Македонците коишто се помалку застапени во Тетово или пак во Гостивар, во Струга или пак во Дебар или во Чаир и обратно Албанците кај што се помалку застапени во други компании посебно каде што и државата има удел. Во моментов е тоа само идеја, дебата која што ја отворивме. Како што видовте и во самиот дел од програмата на владата на стр. 33 параграф 4 можете да прочитате дека Владата ќе се залага да отвори дијалог со приватните компании посебно тие коишто имаат удел и домашни и странски компании коишто функционираат во државата да го запазат уставното начело за правична и адекватна застапеност на сите заедници, истакна Груби.

Рече дека има многу реакции во државата, посебно по социјалните мрежи и дека не му е јасно зошто е тоа така кога предлогот е почитување на Уставот.

-Уставно начело е правичната застапеност. Тоа го правиме во нашите институции зашто не би го правеле и во компаниите. Не зборуваме за вработувања на неквалитетни кадри или кадри коишто не ги исполнуваат условите за да ги извршат работните задачи. Зборуваме за најтранспарентен начин за избор на најквалитетните кадри, притоа запазувајќи го и уставното начело за адекватна застапеност, рече Груби.

Според него ова се вика позитивна дискриминација. Тоа, рече тој, го имавме од 2001 до денес и всушност се покажа како најуспешна формула за опстанокот на нашето општество и за развојот за нашето општество.

-Што стана лошо за нашата држава што Фатмир Бесими беше министер за одбрана, Талат Џафери за претседател на Собранието. Напротив што е полојална државата кон граѓаните, граѓаните се полојални кон државата, така ни станува посилно општеството. Не велиме по етнички клуч, велиме правична застапеност, позитивна дискриминација за сите, нагласи првиот вицепремиер.

Прашан за замениците министри, Груби рече дека седницата во Собранието за нивен избор ќе биде во вторник и дека за двата дена дебата ќе заврши.

– Државните секретари се веќе во процес на избор во повеќето од министерствата, додека директорските места ќе се пополнат со транспарентен процес на конкурс и со интервјуа и со избор на најквалитетните кадри, појасни Груби.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов