Груби се сретна со косовскиот амбасадор Дедај

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби одржа работен состанок со амбасадорот на Република Косово Ѓерѓ Дедај.

За време на состанокот тие разговарале за актуелните теми во земјата и за важни настани што се во интерес на Република Северна Македонија и Република Косово.

Груби, како што соопштија од неговиот Кабинет, во оваа пригода ја истакнал својата надеж дека во Република Косово на 14 февруари ќе се одржат слободни и демократски избори.

Двајцата соговорници разговарале и за процесот на поранешните лидери на Република Косово, кои во моментов се во Хаг.

Со амбасадорот на Косово разговарале и за европската интеграција на земјава, но и за отвореното прашање со Бугарија.

Груби и Дедај се согласиле дека процесот на попис во земјата е процес што треба да се спроведе, бидејќи последниот беше спроведен во 2002 година. Груби му посочил на амбасадорот Дедај дека пописот на населението е потребен со цел да се спроведат еднакви и фер политики.

Aмбасадорот Дедај му се заблагодарил на првиот вицепремиер Груби за меѓувладината соработка и заемната поддршка на институциите на Северна Македонија и Косово, но и за одржувањето на одличните односи меѓу нашите две земји, во сите области и во однос на заедничката европска перспектива.

Соговорниците Груби и Дедај размениле мислења и за други политички теми во земјата и во регионот.

Би можело да ве интересира

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски