Груби – Петровиќ: С. Македонија и Црна Гора ги почитуваат вредностите на НАТО и ЕУ

Од:

Северна Македонија и Црна Гора негуваат добро пријателство и соработка, почитувајќи ги истите вредности, оние на Европската Унија и НАТО, оценија на денешната средба првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби и амбасадорката на Црна Гора во земјава, Марија Петровиќ.

Како што соопшти Кабинетот на Груби, на средбата било истакнато дека земјава има важна и конструктивна улога во унапредувањето на односите меѓу земјите од Западен Балкан и во исто време е добар пример каде граѓаните покажаа демократска зрелост и се одлучија за владеење на правото и демократските вредности.

Во соопштението се додава дека Петровиќ му се заблагодарила на Груби за поддршката што Република Северна Македонија и ја дава на Црна Гора на нејзиниот пат кон интеграцијата во Европската Унија и двајцата се заложиле дека двете земји треба да продолжат да одржуваат добри билатерални односи и на тој начин да ја зајакнуваат економската соработка.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски