Груби објави дека е во приватна посета, не избегал на Косово

Од:

Поранешниот вицепремиер Артан Груби преку објава на социјалните мрежи демантира дека избегал од земјава. Како што синоќа објави на социјалните мрежи, патувал надвор од Македонија во приватна посета.

Преку објава на Фејсбук, екс-функционерот на ДУИ побара од јавноста да не изнесуваат шпекулации.

-Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување. Веднаш штом ги завршам обврските, ќе се вратам дома кај моето семејство, стои во објавата на Груби.

Вчера беше објавено дека Груби ја напуштил државава и заминал на Косово. Артан Груби заедно со судијата Енвер Беџети беа ставени на американската црна листа по што Груби објави дека се повлекува од политичкиот живот, а најави и дека ќе ја обжали одлуката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

ЗНАМ: Груби е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста