(ВИДЕО) Груби: Милошоски на протестите во 1997-ма извикуваше „Мртов шиптар, добар шиптар“

Од:

Пратеникот од редовите на ДУИ, Артан Груби на прес конференција пред медиумите презентираше слики на кои може да се види како поранешниот министер за надворешни работи, а сега пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски е дел од студентските протести, кои протестираа против албанскиот јазик, при што повикуваа на гасна комора за Албанците и извикуваа „Мртов шиптар, добар шиптар“.

– Истиот овој Милошоски сега во Собранието на РМ пред пратениците и јавноста се декларира како демократ, криејќи се под пратеничкиот имунитет, ја користи собраниската говорница, да говори лаги и невистини против ДУИ, само поради тоа што на 29-ти јануари ДУИ одлучи да не коалицира со неговата партија, рече Груби.

На новинарското прашање кој предлог закон за јазиците е подобар за ДУИ и Албанците, дали овој сега или оној пред 29-ти јануари, Груби одговори дека решенијата во овие два предлози се сосема исти.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги