Груби ја повика турската заедница во земјава на соработка во процесот на пописот

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска имаше средба со претставници на турската заедница во земјата во врска со пописните активности во државата.

-Преку оваа средба, Груби и претставници на турската заедница го повикаа населението масовно да се регистрира бидејќи е важно секој граѓанин и заедница да се регистрира, додека преку личности кои имаат влијание врз општеството да му се пренесе пораката на секој граѓанин за важноста на овој процес, соопшти Кабинетот на вицепремиерот.

Вицепремиерот Груби изрази отвореност за соработка со турската заедница и сите заедници во Република Северна Македонија, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски