Груби – Холштајн: Подготвени сме да започнеме преговори со ЕУ

Од:

Првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, денеска оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Скопје, Анке Холштајн.

Амбасадорката Холштајн, како што соопшти Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, му честиташе на Груби за формирањето на Владата и позицијата што ќе ја извршува, посакувајќи му успех во остварувањето на неговите цели.

За време на состанокот, амбасадорката Холштајн ја спомна важноста на Владата да управува со кризни ситуации, како што е актуелната ситуацијата со КОВИД-19.

Германската амбасадорка, како што стои во соопштението, истакна дека официјален Берлин продолжува да ја поддржува Република Северна Македонија на нејзиниот евро-интеграциски пат и во спроведувањето на реформите потребни за постигнување на оваа цел, вклучувајќи го отворањето на преговорите за членство во ЕУ.

Првиот вицепремиер Груби и се заблагодари на германската амбасадорка за искрените честитки и континуираната поддршка на германската држава, подвлекувајќи дека новата Влада ќе продолжи да биде посветена на нејзиниот пат кон Европската унија и спроведувањето на реформите во областа на правдата.

Груби, исто така, пред германската амбасадорка го повтори ставот дека на земјата и треба функционална политичка хармонија со цел да се донесат добри одлуки што ќе покажат ново лице во текот на овој владин мандат. Тој, исто така рече дека новата Влада ќе се потруди еднаш и засекогаш да го искорени митото и корупцијата.

Како што е наведено во соопштението, за време на состанокот со германската амбасадорка, Груби вети дека тој како прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, ќе се заложи за добри меѓуетнички односи и социјална кохезија за сите граѓани на Република Северна Македонија.

На состанокот Холштајн и Груби, разменија мислења и за други политички теми во земјата и регионот.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски